Коки: „На многумина луѓе им успева во животот да постигнат се со една рака, секогаш знаат кога и за кого треба да ја подигнат раката“
Понеделнички шест нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки. Прочитајте ги и започнете ја работната седмица со насмевка.
-Доаѓа пролетта, природата штотуку започна да се буди, а со неа и желбата на многуте луѓе…за флерт.
-Во недостигот на ГЕНИ и ТАЛИИ на своите суштински кандидати, лидерите на некои политички партии за претседателското столче промовираа…сенилни баби.
-На многумина луѓе им успева во животот да постигнат се со една рака, секогаш знаат кога, и за кого треба да ја подигнат раката.
-Многуте жени несомнено посакуваат мажите да им скокаат во креветот онака, како што денес постојано скокаат цените.
-И сексот се поистовети со модата: ниту една девојка нема желба долго време да биде натокмена со едно исто момче.
-Мојата сексипилна колешка ги отфрли неколкуте умилкувачи, зашто љубовта ја сфатија како спорт: сите посакуваа да бидат …ПРВИ.
Афористичар
Никола Бошков Коки
Дума.мк