Коки: „На народот му е добро се дотогаш, додека не сфати колку му е лошо“

Објавено на 8 април, 2024 во 09:31

Нова работна недела и нови шест афоризми на велешкиот афористичар Коки. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана.

-Се стекнува впечаток дека денес, кај нас, кандидатите за народни избраници живеаат „кучешки“ живот: постојано некој, на некого…лае.

-На народот му е добро се дотогаш, додека не сфати колку му е лошо.

-Им верувавме на нашите економски експерти и на длабочината на нивните економски визии: затоа и потонавме во сиромаштија.

-Искусната жена секогаш спие со сопствениот маж, со останатите е будна.

-Најлош трик на магионичарот е кога од неуки, проблематични и интелектуално ограничени луѓе, ќе успее да направи…политичари.

-Мојот однос со директорот беше мошне коректен, заснован на взаемна самодоверба и самопочит: професионално му го одржував автомобилот и…бракот.

Афористичар Никола Бошков – КОКИ

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.