Коки: „Некогаш како девојка ми лежеше на срцето, а денес, како сопруга…на џигерот.“

Објавено на 22 јануари, 2024 во 09:50

Афористичарот Никола Бошков – Коки со шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги, насмејте се и очекувајте ги следниот понеделник новите шест! Уживајте:

-Постојат жени кои во бракот се обидуваат да се поистоветат со Господ: имаат безброј заповеди.

-Со години наназад бевме пијани од коктелите на разно-разните недоветни политичари, но на повидок се новите избори и времето кога треба да се отрезниме.

-Самобендисаната жена многу полесно ќе се оддели од сопругот, отколку од огледалото.

-На некои места во нашето опкружување и поповите се фрлале по крстот, но впечаток е дека поповите кај нас се соочени со голем хендикепт: не умеат да пливаат.

-Некогаш како девојка ми лежеше на срцето, а денес, како сопруга…на џигерот.

-Момчиња, воопшто не е важно какви сте во очите на девојките, туку…какви сте меѓу нивните нозе.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.