Коки: „Од новите парламентарни избори, најмногу очекуваат да се офајдат: многуте полтрони, лигуши, голтари и…мноштвото партиски послушници“

Објавено на 22 април, 2024 во 09:38

Шест нови афоризми од велешкиот афористичар Коки. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана!

-Умната жена не треба никогаш да го прашува својот маж каде оди, туку…кога се враќа.

-Од новите парламентарни избори, најмногу очекуваат да се офајдат: многуте полтрони, лигуши, голтари и…мноштвото партиски послушници.

-Патиштата не ни се толку тесни, колку што на возачите им недостига широчина.

-Мошне стресно и ризично по вашето здравје е ако без уреден кардиограм се обидувате во живо, на ТВ екраните да следите некој возбудлив-инфаркт ТВ дуел.

-Чинот на венчавката секогаш е проследен со страствени бакнежи и милозливи насмевки: она што следува потоа…не е за смеење.

-Понекогаш во сексот е како и во брзопотезниот шах: ќе ја освоиш Дамата, но ќе ти падне…знаменцето.

Афористичар Никола Бошковски – Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.