Коки: „За добрата МАЧКА, секој месец е февруари“
Објавено на 5 февруари, 2024 во 10:10
На почеток на месец февруари, нови шест афоризми на афористичарот Никола Бошков Коки за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги, насмејте се и уживајте!
-За добрата МАЧКА ,секој месец е февруари.
Господата од власта секогаш го добиваат она што го посакуваат, но никогаш она што го заслужуваат.
-За разлика од мачките, некои девојки во текот на целата година се чувствуваат како во февруари.
-Ја знаеме таблицата за множење, но попусто, наталитетот и понатаму продолжува да бележи надолна линија.
-Постојат мени кои можеме недвосмислено да ги поистоветиме со мачките: не гледаат во кој скут предат.
-Момчиња, суштината на љубовта, не е да ги доведувате девојките да лудуваат по вас, туку…под вас.
Афористичар
Никола Бошков Коки
Дума.мк