Коки: „Земјата во која сите се прават луди, наликува на еден голем санаториум“

Објавено на 10 јуни, 2024 во 09:34

Афористичарот Никола Бошков Коки овој понеделник со седум нови афоризми. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана. Уживајте:

-Земјата во која сите се прават луди, наликува на еден голем санаториум.

-Така е тоа во политиката кај нас: едни арамии заминуваат од власта, други доаѓаат да ги наследат и…се така, постојано во круг.

-Атмосферата во некои бракови може да се спореди со онаа на месечината: не постојат услови за живот.

-Оваа учебна година „успеав“ да бидам ослободен од матурскиот испит: го повторував класот.

-Постои надеж наталитетот кај нас да забележи нагорна линија ,но…откако ќе се намали бројката на мноштвото невини мажи.

-Најчестата риба во водите на многуте бракови е…СОМОТ.

-Понекогаш во сексот е како и на спортската прогноза: никогаш со сигурност не можете да очекувате колку погодоци ќе остварите.

Афористичар Никола Бошковски – Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.