Понеделнички афористички поздрав од Коки
Шест нови афоризми и овој понеделник ќе ја пробудат вашата насмевка. Новите афоризми на велешкиот афористичар Никола Бошков Коки и овој пат посветени на жените, мажите, политичарите и фудбалерите. Уживајте:
-Постојат луѓе кои можете недвосмислено да ги поистоветите со кучињата: трчаат по секоја мачка.
-Можеби некои политичари заслужуваат да им симнам капа, но на овие летни горештини не чувствувам потреба да одам гологлав.
-Ја разбуди жената во неа… и продолжи да спие.
-Мојот пријател не го измачува горливото сознание дека многумина му ја соблекуваат сопругата, туку неможноста тој сам да ја облекува.
-Среќниот човек секоја жена ќе го напушти, несреќниот ниту сопствената.
-Единствено на хиподромот може да се забележи дека постојат многу повеќе коњи, отколку на фудбалскиот терен.
Афористичар
Никола Бошков Коки