„При стапувањето в брак, многумина луѓе се определуваат за помали жени, мислат дека злото е помало.“ – нови афоризми на Коки
Прочитајте ги новите шест афоризми на афористичарот Никола Бошков – Коки. Покрај студентите, во нив денеска ќе ги пронајдете и жените но и политичарите. Насмевката е загарантирана!
-Проблемот со недостигот на тоалет-хартијата, ќе биде набргу решен…штом студентите ќе ги добијат своите дипломи.
-При стапувањето в брак, многумина луѓе се определуваат за помали жени, мислат дека злото е помало.
-Некои несфатливи, несоодветни и недозволени грешки што сте ги направиле во текот на животот, не ќе имате прилика никогаш да ги поправите ,зашто втор живот не постои.
-Постојат жени кои во љубовта не успеваат да го спознаат вистинското, врвно задоволство, ама…врвно го одглумуваат.
-Тој сфати дека таа е исклучитено интелигентна и привлечна девојка, дека има нешто посебно во себе, ама…доцна.
-Лошите политичари се како лошите шахисти, постојано повлекуваат лоши потези.
Афористичар
Никола Бошков Коки