Стрип центарот со креативна кампања „Македонијо, зелена ти ќе бидеш“

Објавено на 4 јуни, 2021 во 14:23

Стрип центарот на Македонија – Велес, веќе втор месец изведува проект Креативна стрип кампања „Македонијо, зелена ти ќе бидеш“ . Истиот е во склоп на Концептот Зелен скок – Партнерства за климатска акција, финансиран од страна на Фондацијата „Отворено Општество-  Македонија“.

Овој проектот ќе трае четири месеци и главна цел на истиот е развој на еколошката свест кај населението во Македонија. Тоа може да се се оствари преку креативна кампања и мобилизација на младите генерации од сите средини за креативно размислување за еколошките проблеми. Сето тоа преку користење на креативната алатка стрип.

Како главни активности во проектот се подготвување и цртање на наменски стрип којшто ке биде изработен од страна на професионално ангажирани автори : сценарист и цртач коишто ке изработат стрип на 6 страници. Конкурс за посебни ученички стрипови од кои ќе се изберат најдобрите и доделат пригодни награди. И најдобрите стрипови по тематскиот стрип конкурс ќе бидат вметнати во посебен тематски каталог, заедно со претставување на проектот, организацијата, носител и персоналот .

Тимот на Стрип центар на Македонија-Велес, веќе го има изработено сценариотo на наменскиот стрип којшто ќе го нацрта млада авторка, Евгенија Трајковска, студентка на Ликовна академија при Универзитетот „СВ. Кирил и Методиј“.

Темата на проектот е сопирање на аерозагадувањето, растечката загрозеност на биолошката разновидност, намалувањето и злоупотребата на зелените површини и водите, управувањето со цврстиот отпад, коишто од секојпат биле предмет за бавење на граѓанските организации , институции и поединци . Креативноста на овие залагања се обезбедува преку користење на алатката стрип, која е во солидна позиција да ги промовира и горенаведените еколошки теми.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.