Во велешката библиотека се одржа литературно читање на тема „Младите во светот на поезијата“ (фото)
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/03/Untitled-design-2023-03-21T142535.662.png)
Литературно читање на коешто учество земаа осум ученици од Велес, се одржа денеска, во медијатеката на велешката библиотека. Темата на поезиите беше „Младите во светот на поезијата“ и настанот се одржа по повод 21 март, Светскиот ден на поезијата.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/03/Untitled-design-2023-03-21T142643.358.png)
Организаторот на настанот е ученичката Стефанија Јакимовска од СОУ „Гимназија – Кочо Рацин“, којашто воедно е и активен волонтер во Младински центар Велес како и претседателка на Локален младински совет на Општина Велес. Јакимовска пресреќна им се заблагодари на сите присутни што одвоиле од своето време и дошле да го проследат овој убав културен настан.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/03/Untitled-design-2023-03-21T142520.534.png)
-Како љубител на поезијата од најмала возраст одлучив, денеска, да организирам литературно читање на коешто учество ќе земат ученици од повеќе училишта. Овој настан воедно е и дел од мојата проектна задача како задолжителен дел од државната матура под менторство на професорката по македонски јазик и литература Магдалена Сарагинова, додаде Јакимовска.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/03/Untitled-design-2023-03-21T142628.124.png)
Со свои поезии се претставија учениците Андреј Димовски, Стефани Стојчева, Ана Тодорова, Ангела Димитрова, Изабела Ѓурчиновска, Василка Карталова, Михаела Перкова и Георгина Димовска.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/03/Untitled-design-2023-03-21T142727.566.png)
Исто така, настанот беше збогатен и со две музички точки отсвирени од учениците Михаил Петковски, Стојан Димовски и Ангел Богоевски.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)