Меѓународна ликовна колонија „Михајлово 2022“ во Кавадарци

Објавено на 15 август, 2022 во 15:20

Меѓународна ликовна колонија „Михајлово 2022“ ќе биде отворена оваа сабота, во летната бавча на Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. На годинешното издание на колонијата ќе има учесници од Словенија, Србија, Турција, Црна Гора, Грција, Македонија, Косово, Германија и Русија.

За време на колонијата ќе се одржат изложби и промоција на книга.

Изложбата на Диме Темков, од Љубљана, Словенија ќе биде во Музеј Галерија на 22 август од 20:00 часот. Изложбата на Новица Трајковски од Скопје – „Тиквешанка“  во Вински Музеј на 24 август од 20:00 часот и промоција на книгата „Наива – наивното сликарство и скулптура во Македонија“ од Гоце Бужаровски во Вински Музеј на 24 август од 20:30 часот.

-Уметниците ќе творат во Вила „Рума“ Дабниште, каде со изложба на дела од учесниците колонијата ќе биде затворена на 25 август од 20 часот. За време на затворањето ќе настапат рок групи “Kavadarci night”, соопштија од Дом на култура Кавадарци.

Отворањето на Меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2022“ во сабота ќе започне во 20:30 часот. Половина час претходно, поточно во 20:00 часот ќе биде отворена изложба на Стефан Хаџи – Николов, во Галеријата при Дом на култура Кавадарци.

За време на отворањето ќе настапи групата „Акустико“.

Колонијата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Локалната самоуправа на Општина Кавадарци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.