Настап на италијанскиот пијанист Фалчани во Ликовен салон Велес

Објавено на 21 септември, 2023 во 15:15

Со пијано рецитал ќе се претстави пред велешката публика младиот италијански пијанист Алесио Фалчани. Дваесет и едногодишниот Фалчиани студент е на конзерваториумот „Росини“ во Пезаро, Италија. Иако е млад пијанист тој веќе е познат на домашната, италијанска, како и на меѓународната јавност.

Програмата што ќе ја музицира составена е од изведби на дела од Шуман, Лист, Рахмањинов, Шуберт и Шопен. Почетокот на пијано рециталот е во 20:00 часот.

Настапот на италијанскиот пијанист дел е од проекетот на Музичкото училиште „Стефан Гајдов“ и програмата Еразмус Плус, „Музика во инклузија“, добиен од Националната агенција за европски програми и мобилност на Македонија во партнерство со училишта од Италија и Франција.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.