По повод „Свети Трифун“ неколку културни настани во Кавадарци

Објавено на 12 февруари, 2023 во 15:10
Фото: Плакат на театарска претстава

Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ вечерва гостува во Демир Капија со претставата “Како да (не) снимиш мрсен филм“. Ансамблот претставата пред љубителите на театарот ќе ја изведе со почеток во 19 часот.

Фото: Плакат на Изложба на уметнички фотографии

Во Галерија на Домот во Кавадарци утре вечер ќе биде отворена изложба на уметнички фотографии од членовите на Фото сојуз на Србија. Свечениот дел на отворањето е закажан за во 18:30 часот.

Триесет минути подоцна во салата на оваа културна институција ќе се оддржи Меѓудржавен фестивал на традиционална музика „СРМА“ со учесници интерпретатори од град Ковин од Република Србија и од Кавадарци. Двата градови се збратимени.

Изложбата и фестивалот се организираат во чест на празникот “Свети Трифун“.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.