Пред велешани промовиран романот на авторката Фросина Пармаковска, добитник на годинешното Рациново признание (видео и фото)

Објавено на 22 октомври, 2024 во 16:07

Во „Медиотека“ на Градска библиотека „Гоце Делчев“ во Велес,денеска, беше промовиран романот којшто ја доби наградата „Рациново признание за 2024 година“. Авторка на романот е познатата македонска писателка Фросина Пармаковска.

Промоторката, Снежана Петрова Џамбазова, имаше што да им порача на присутните, најголем дел од нив припадници на младата читателска публика во градот.

Градска библиотека „Гоце Делчев“ беше организатор на промоцијата. Директорката Снежана Бошевска се заблагодари за големиот одзив на промоцијата и вака ја претстави авторката и нејзиниот награден роман.

Писателката Пармаковска е авторка на уште еден награден роман. Во 2017 година за романот „Одбројување“ ја доби наградата Роман на годината откако три години претходно нејзиниот роман „Вишнова хроника“ влезе во финале за истата награда.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.