Премиера на детско – младинска претстава „Приказна за волшебната шума“ во Кавадарци

Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, премиерно ќе ја изведе детско – младинската претстава „Приказна за волшебната шума“. Претставата е работена по мотиви од бајките на Браќата Грим.
Драматизацијата и режијата на претставата се на Микица Илова.
Во „Приказна за волшебната шума“ играат: Анета Мишева, Александар Видиков, Кристина Јованова, Саше Орешков, Викторија Чочева, Јована Секуловска, Петар Јованов, Ана Мукаетова, Михаела Атанасова и Мартина Илиевска.
Костимографијата е на Сара Милевска а музиката на Марјан Тодоровски. Во тимот за подготвување на претставата се и суфлерите Благица Илиева и Ангела Василевска, светло мајстор е Пепи Ангелов додека техничка подршка како и реализацијата му е доверена на Диме Темков.
За премиерното изведување на претставата,во среда, на 13 април 2022 година, со почеток од 20 часот, нема да се продаваат влезници поради ограничен број на седишта и пандемиските протоколи. Од Домот на култура најавија дека наскоро ќе следи првото репризно прикажување на претставата.
Убавка Јаневска
