Шест нови афоризми на афористичарот Бошков

Објавено на 6 декември, 2021 во 13:03

Перото на афористичарот Никола Бошков – „Коки“ минатата недела го инспирирале различни настани, случки и слики од севкупниот живот. Еве каков е неговиот афористички став за тоа што слушнал и проследил во медиумите и за тоа како го инспирира ликот на жената воопшто:

-Кога би се виделе и слушнале на ТВ екраните, многумина наши политичари би си го продале телевизорот.

– Понекогаш во бракот е како и на спортската прогноза: Никогаш со сигурност не можете да очекувате колку погодоци ќе остварите.

– Не ви вреди многу сознанието дека сопругата ви е на место… ако некој друг е на вашето.

– Лесно е на жената да и подариш еден час, но таа ги посакува сите 24 часа.

– Фудбалот и бракот се идентични: Наместо слабите стрелци, влегуваат резервните.

-Јас сум за мир во светот, но понекогаш треба да се „испука“ по некој куршум.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.