Со концерт на ансамбл „Тиквеш“, вечерва, започнува „Кавадаречко културно лето 2023“

Објавено на 27 јуни, 2023 во 15:22

На градскиот плоштад во Кавадарци, со концерт  насловен „70 години фолклорна дејност“ на фолклорен ансамбл „Тиквеш“, вечерва, со почеток во 19:30 часот, свечено ќе биде отворена манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2023’. Утре пак, на 28 јуни, во истото време и на истото место ќе биде одиграна претставата „Одам на лов“.

Богатата културна програма ќе продолжи на 29 јуни, кога на градскиот плоштад со почеток во 19:30 часот ќе бидат одржано „Бабини игри“ а на 30 јуни, петок, во Дом на култура „Иван Мазов Климе“ во истиот временски период, ќе биде прикажана проекцијата „Некрстени денови“.

Во сабота и недела, на први и втори јули, кавадарчани со почеток во 19:30 часот ќе имаат можност да ги проследат и спортските игри.

Оваа манифестација е под покровителство на градоначалникот Митко Јанчев како и Советот на општина Кавадарци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License