Вечерва две филмски премиери во велешкото кино

Објавено на 22 јуни, 2023 во 12:00

Велешани своето слободно време можат да го поминуваат во кино, со добар филм и пуканки. Оваа недела, на репертоарот на Киноверзум се вкупно четири филмски проекции од кои две се премиери, поточно филмот „Кандахар“ и „Девојка за се“.

Првата премиера за вечерва е филмот „Девојка за се“ којшто ќе започне во 19:00 часот, два часа подоцна, поточно во 21:00 часот, велешани, ќе можат да ја гледаат и премиерата „Кандахар“.

За време на викендот, поточно во петок, на 23 јуни,  во 18:00 часот ќе се прикажува филмот „Флеш“, а во 21:00 часот „Кандахар“. Во сабота, со почеток во 17:00 часот ќе се прикажува детскиот филм „Елементи“, во 19:00 часот „Девојка за се“ и во 21:00 „Кандахар“. Недела пак, во почеток во 16:00 часот повторно дечињата ќе можат да го гледаат „Елементи“ , во 18:00 ќе биде прикажан „Кандахар“ а во 20:30 „Девојка за се“.

Во понеделник, 16 јуни, ќе бидат прикажани две филмски проекции, поточно во 18:00 часот „Флеш“ а во 21:00 „Девојка за се“. Следниот ден, вторник, филмот „Девојка за се“ ќе се прикаже во 19:00 часот а по него, во 21:00 часот „Кандахар“.

Во среда, неделната филмска програма се заокружува со детскиот филм „Елементи“ во 18:00 часот и „Девојка за се“ во 20:00 часот.

Секоја нова филмска недела започнува во четврток и завршува во среда, со што се објавуваат нови термини за филмските проекции.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.