Велешки театар ги отвора вратите за публиката
Објавено на 5 април, 2022 во 15:41
Љубителите на театарската уметност повторно ќе можат да присуствуваат на изведби на претстави.
Во петок, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена, актерите на театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ ќе ја изведат претставата „Четири соби“.
Тоа значи дека забраната за работа на театарот е симната од страна на министерството за култура.
Како што дознава Дума.мк, театарот веќе го има подготвено репертоарот за месец април, годинава, којшто ќе биде објавен официјално во текот на денешниот ден или утре, на фејсбук страната на оваа културна институција.
Стефани Манева