Велешкиот афористичар „Коки“ со шест нови афоризми ?

Објавено на 18 јули, 2022 во 11:42

Почетокот на новата работна седмица започнете го со насмевка благодарение на афоризмите од велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“. Уживајте ?

-Ние  го немаме Нушиќ: кој ли ќе ја пишува нашата комедија: “НАРОДЕН ПРАТЕНИК”?

-При стапувањето в брак, жените водат сметка за иднината на своите мажи, а мажите…за минатото на своите жени.

-Најлош трик на маѓионичарот е кога од неуки и интелектуално ограничени луѓе, ќе направи политичари. ?

-Некои луѓе се вистински кукавици: ставаат јајца во туѓи гнезда.

-Панталоните на луѓето можете недвосмислено да ги поистоветите со БИНГОТО: никогаш со сигурност не можете да очекувате кој број ќе го извлечете. ?

-Во животот е како и на фудбалскиот терен: штом некој се обиде да ве претекне, вие го сопнувате.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.