(видео) Благој Ламњов ја објави првата песна со која го започна концертот во Велес
Објавено на 17 јуни, 2024 во 14:55
Велешанец Благој Ламњов кој на трети јуни, годинава, го одржа својот прв солистички концерт пред своите сограѓани во родниот град, ја објави првата песна со којашто го започна концертот за која вели „првите ноти се секогаш најтешки“.
Тој на сцената во велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“ пред своите сограѓани на самиот почеток проговори „Доме слатки доме“ по што сам, без ниту една придружба од други инструменти започна да ја свири „Налеј налеј“ изработена по негова верзија, по што на самиот крај велешани го наградија со громогласен аплауз.
Во продолжение погледнете го првото видео од концертот, а наскоро ќе биде објавен и цел концерт на јутуб.
Стефани Манева