Започнете го денот со насмевка – шест нови аофризми на афористичарот „Коки“
Објавено на 31 октомври, 2022 во 10:03
Понеделнички поздрав со шест нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки. Уживајте!
-На народот му е добро се дотогаш, додека не сфати колку му е лошо.
-Честопати се прашувам: од кое дрво слегнал мајмунот на земјата за да стане човек, мене најсомнителна ми е сливата.
-Се сомневам дека некоја жена е добра, штом тоа го констатираат повеќе мажи.
-Се говори за поплава на сексот, но кај нас никако да надојде.
-Блазе си му на комшијата штом женаму го прифаќа со обете раце.
-Ниту клептоманките не се во состојба на некои луѓе нешто да им дигнат.
Афористичар
Никола Бошков – Коки