Активен пожар на отворе простор и во село Пепелиште неготинско, се проширува кон планината Серта

Објавено на 10 јули, 2024 во 14:39

Центар за управување со кризи информира и за трет пожар денеска којшто е активен на отворен просотор во село Пепелиште неготинко и кој се проширува кон планината Серта за што од Општина Неготино до ЦУК е испратено барање за асистенција од хеликоптер.

-Регионалниот ЦУК Велес информира дека има пожар на отворен простор кај село Пепелиште, каде што во почетокот гореле сува трева и нискостеблеста шума. Но, според последните информации од терен, пожарот се проширува кон планината Серта. Градоначалникот на Неготино достави до ЦУК барање за асистенција од хеликоптер – за воздухопловна противпожарна (ПП) поддршка на ПП силите коишто дејствуваат по земја, соопштуваат од ЦУК.

Во моментов на терен се присутни екипи од територијалната противпожарна единица Неготино со осум пожарникари и две противпожарни возила како и преставници од воениот полигон „Криволак“.

Инаку, со хеликоптер се гасне и пожарот помеѓу велешките села Каласлари и Црквино кај месноста викана „Венуле“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.