Активни пожари во Општина Чашка, кај село Степанци во правец на манастирот е под контрола но се уште не е изгаснат
Пожарот во село Степанци, Општина Чашка, во правец кон манастирот Свети Димитрија е ставен под контрола и не претставува опасност за манастирот но се уште не е изгаснат, информираат од Центар за управување со кризи. Во пожарот е зафатена лисна маса и мешана шума, теренот е стрмен и многу непристапен.
-Во текот на денешниот ден 5 вработени од ЈП Национални шуми Бабуна подружница Велес работат на терен и ги гаснат опожарените ќутуци. Од страната на село Оморани пожарот е повторно препален и се движи во правец на Кадиица. Таму има двајца вработени од ЈП Национални шуми Бабуна-подружница Велес, а гори мешана шума, објаснуваат од ЦУК.
Оттаму информираат дека од страна на село Ораов Дол према Кадиица има пожар којшто е активен но во моментов на лице место не интервенира никој бидејќи е високо во планината. Пожарот има зафатено лисна маса и мешана шума а од ЦУК велат дека теренот е стрмен и непристапен.
Од директорката на ЈП Национални шуми Бабуна – подружница Велес добиле информација дека пожарот се движи и према општина Долнени – Прилепско.
Стефани Манева