Апел за помош: Да и помогнеме на велешанката Елена на која и е дијагностициран карцином на нос и око, потребно е итно да се оперира
На четириесет и едно годишната велешанка Елена, родена 25.12.1982 година, пред два месеца и е дијагностициран ADENOID CYSTIC CARCINOMA, карцином на нос и око којшто мора веднаш да се оперира со цел да не се прошири во главата. Како што информираат од нејзиното семејство во моментов нејзината состојба е сериозно влошена бидејќи секојдневно имала крвање од носот како и главоболки. Затоа потребно е да се направат две или повеќе операции во Република Турција за кои е потребна сума од 50.000 евра. Нејзиното семејство вели дека оваа сума за нив во моментов е невозможна и затоа бараат помош од сите велешани како и граѓаните на нашата држава.
-Драги луѓе, ние сме Лепа и Пере скромни луѓе, родители на Елена. Ќе ви раскажеме за болеста на Елена која ја дознавме пред извесен период и од која се запрепастивме цело семејство. Ве молиме останете со нас, подадете ни рака. Пред неколку месеца се појави инфекција на окото почна да се затвора и почна да и тече крв од носот, осеќаше вртоглавици. Едно утро кога стана окото беше целосно затворено,почнавме да одиме по болници каде што првично ни кажуваа дека се работи за јака инфекција. Ние како родители не можевме да оставиме така и почнавме со испитувања, за на крај тоа што ни кажуваа дека е „јака инфекција“ добиеме дијагноза ADENOID CYSTIC CARCINOMA ( Карцином на нос и око кој што ако не се оперира ќе се прошири во главата). Кога ја слушнавме ние дијагнозата бевме во ШОК, како ќе и кажеме на Елена како ќе прифати нашето дете. Но сепак мораме да и соопштиме дека има карцином. Елена неможеше да ја прифати дијагнозата дека баш тоа нејзе и се случува. Реагираше многу лошо со затворање во соба, со тагување со зборовите „МАМО, ТАТО ЈАС УМИРАМ.“ Верувајте ни ниту еден родител да не ја искуси оваа болест. Затоа мора да дејствуваме БРЗО бидејќи времето не е на страната на нашата ќерќа. Елена поминува голема голгота. Единствената ШАНСА ЗА ЕЛЕНА ДА ЖИВЕЕ е да замине во Република Турција каде што треба да се направат 2 или повеќе операции за нашето девојче. Сумата е НЕВОЗМОЖНА за нас. Ве молиме сите познати и непознати, очајни сме! ВЕ МОЛИМE да и помогнете на нашата Елена да ЖИВЕЕ! Сите велат дека животот е момент. Звучи прекрасно додека не стане реалност и не ја држите за рака вашата најдрага личност, знаејќи дека секој момент може да ви биде последен. Очај, болка, ужас, страв се само зборови, бидејќи она што го чувствуваме е многу повеќе. Имаме љубов, надеж и веруваме во доброто срце на сите ВАС. ЕЛЕНА Е НАШЕТО НАЈГОЛЕМО БОГАТСТВО, НАШЕТО НАЈМИЛО, НАШЕТО СЕ! Ние сме ОЧАЈНИ и затоа Ве молиме, луѓе, помогнете му на нашето семејство да остане цело! Ние сме едно и сè има смисла кога сме заедно – и во добро и во лошо, во здравје и во болест. Ние сме силни затоа што сме заедно. Очајно ни е потребна ВАШАТА помош. Секој ден шансата за животот на ЕЛЕНА ѝ бега и ние сме немоќни, а таа има толку многу да живее! Треба да основа семејство и да се радува на секој момент од животоТ! Елена е суперхерој, и по тешката дијагноза нема да се откаже и не престана да верува во доброто, борејќи се, помогнете ни да и покажеме дека доброто е дел од нас луѓето. Елена е нескротлива, љубезна, сочувствителна, дарежлива, инспиративна, а нејзиниот дух и волја се непоколебливи. Откако се разболе, таа ги прифаќа сите болки за телото и духот како тест и гледа напред, верувајќи. Ние како семејство секогаш сме помагале секаде каде што е потребно и затоа се надеваме дека сега СИТЕ ЗАЕДНО ЌЕ НИ ПОМОГНЕТЕ ДА СИ ГО СПАСИМЕ НАШЕТО ДЕВОЈЧЕ, пишуваат од семејството на Елена.
Пред три дена пуштени се броеви за донации A1 – 143 486 и ТЕЛЕКОМ – 143 122.
Исто така, може да направите донација со картичка, Pay Pal, ApplePay, GooglePay, Revolut на следниот линк: https://pavelandreev.bg/mk/campaign/da-go-spasime-jivoto-na-elena . На платформата можете да донирате без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.
Дума.мк