Банката за храна – Македонија подели 80 пакети на социјално загрозени семејства во Велес

Осумдесет пакети со прехранбени производи, средства за дезинфекција и заштитни маски, беа поделени помеѓу 80 социјално загрозени семејства во Велес. Банката за храна – Македонија, три години со свои партнери реализира проект којшто е поддржан од Европска Унија и одлучиле во дваесет општини низ Македонија да додели 1600 хуманитани пакети и да помогне на социјално загрозените семејства.

-Поради настанатата ситуација со Ковид-19 одлучивме да поделиме по 80 пакети со прехранбени производи, средства за дезинфекција и заштитни маски во 20 општини во Македонија. Ние во текот на вчерашниот ден бевме во Неготино и Кавадарци, денеска сме во Велес и Штип, утре планираме да отпатуваме до Свети Николе и Куманово и така секој ден по два града до крајот на месец мај и почеток на месец јуни, рече Душко Христов, од граѓанската организација „Банка за храна-Македонија„.


Ова е најголема акција на една организација како што е Банка за храна – Македонија. Како што велат тие, пандемијата предизвикана од корона вирусот дополнително ја отежнува состојбата на овие семејства и помошта кај истите е неопходна.
-Ние сметаме дека оваа помош барем малку ќе го олесни секојдневието на луѓето којшто навистина имаат потреба. Во минатата година датиравме еден Закон, бевме дел од работната група, Закон за донирање на вишок храна, којашто на некој начин ќе ги регулира обврските на операторите со храна, тој вишок храна да заврши до крајните корисници, преку одреден систем којшто треба сите да го изградиме, додаде Христов.

Банката за храна – Македонија, има постојана поддршка и од бизнис заедниците во последните три до четири години, бидејќи нивната донација завршува во прави раце. Тие велат дека транспарентноста е образ и огледало за тоа што го работат во општеството.
Стефани Манева
