Без политика на Богојавление – Водици, повеќе функционери на една фотографија во Велес
Објавено: 19 јануари, 2023, во 13:26 часот
Заменик-претседателот на Влада за европски прашања Бојан Маричиќ, пратеникот и Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Игор Здравковски, пратеникот Ненад Коциќ, Градоначалникот на Велес Марко Колев, претседателката на Општинската организација на СДСМ Даница Чадиева, претседателот на Советот на Општина Велес Зоран Љутков на заедничка фотографија со Митрополитот Повардарски Господин Агатангел.
Сите тие присуствуваа на фрлањето на Светиот крст во водите на река Вардар во Велес. Денеска очигледно дека политичарите заборавија на препукувањата, различните политички опции и на не согласувањата во и надвор од Советот на општината, Собранието и Владата.
Стефани Манева



