Бездомно куче повредило Кавадарчанка и го усмртило нејзиниот домашен миленик, жител на Лозово одзел службено возило и тепачка во неготинско Пепелиште

Објавено на 28 јануари, 2024 во 14:20

Шеесет и две годишната С.Р. од Кавадарци вчера во 12:50 часот пријавила во ОВР Кавадарци, дека три дена претходно, на 24 јануари, додека го шетала своето куче по кејот во Кавадарци, таа и домашниот миленик биле нападнати од бездомно куче кое им нанело повреди.

-Пријавителката се здобила со повреди, а нејзиното куче од здобиените повреди починало, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.  

Ѓаковска исто така информира и за два настани коишто се евидентирани од страна на полициските службеници во текот на вчерашниот ден.

Првиот бил пријавен во 15:10 часот во СВР-Велес од страна на 52-годишен маж од село во општина Лозово, дека И.„Н“, кој бил вработен во фирма на синот на пријавителот, ден претходно на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, одзел патничко возило „венто“ со штипски регистарски таблици, сопственост на пријавителот. Станува збор за возило коешто И,„Н“ претходно го управувал возилото затоа што му било доверено за работа во фирмата и за коешто се преземаат мерки за пронаоѓање и расчистување на случајот.

Два часа подоцна, полициски службеници од ОВР Неготино постапиле по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.У.(19) и А.Г.(40) од село Пепелиште, неготинско, пред објект во селото. Според полицијата по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.