Повторно активен пожарот во Чашка

Објавено на 4 септември, 2013 во 10:05

Откако пред два дена беше ставен под контрола пожарот во месноста Плавник над селото Мелница утрово огнот повторно се разгоре. Поради непристапниот терен за еден час ќе започне интервенцијата за гаснење од воздух. Дирекцијата за заштита и справување  ангажирала два авиони канадери. Станува збор за пожар во кои засега горат капини, трње и стари букови дрвја и е далеку од населените места но ветрот кој е силен во реонот на Чашка може да го префли и во шумскиот појас кон селата Мелница и Согле, рекоа од ПЕ на Дирекцијата во Велес. Канадерите ќе гаснат во тој дел на општината.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.