Проодни патните правци во општина Чашка, 50 см изнесува снежната покривка во Горно и Долно Јаболчиште
Објавено на 10 јануари, 2019 во 12:10
По вчерашните врнежи на снег, екипите на ЈКП Тополка и општина Чашка во раните утрински часови излегоа на терен и започнаа со расчистување на локалните патни правци во населените места низ општина Чашка.Сите локални патни правци во една од најголемите општини во државата се проодни.
– Во текот на денешниот ден се очекуваат интензивни врнежи од снег но нашите екипи остануваат на терен се со цел да се овозможи проодност на локалните патни правци и непречено функционирање на локалното месно население, рече Градоначалникот на Чашка Горан Стојановски.
Најмногу снег во општината падна во селата Горно и Долно Јаболчиште. Таму снежната покривка има висина од 50 сантиметри./У.Ј