Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

MarsFevruarskipohod3 fin

Традиционално по деветти пат, СПД „Зелен рај“ Велес го организира традиционалниот планинарски марш „Февруарски поход 2020“, што ќе се одржи во сабота, на 22 февруари година. Целта на манифестацијата е За да ги зачува вредностите на автентичниот февруарски поход што годинава, по вторпат, ќе се одржи по видоизменета патека. Поточно маршот ќе започне од железничка станица Гостиражни и ќе продолжи преку планинарскиот дом во село Стровија и богомилскиот тунел до Домот на пензионери во село Богомила.

Маршута по која што годинава ќе пешачат учесниците на Февруарскиот поход е планинарска патека до железничка.станица Гостиражни и до планинарски дом во село Стровија преку преслапот крај село Богомила во должината на патеката изнесува вкупно 15 км. Станува збор за средно тешка и за тешка патека за почетници. Времетраењето на маршот изнесува 7 часа.

- Учесниците ќе се соберат во 08.48 часот, пред железничка станица во Богомила, поточно планинарите и граѓаните кои што ќе доаѓаат со кола додека 09.15 часот е одредено за време на собирање на планинарите на железничка станица Гостиражни. Сите заедно во 09.30 часот, ќе го означат почетокот на Февруарскиот поход кога ќе тргнат кон планинарски дом во село Стровија, со тоа што во 10.30 часот се поаѓа кон месноста Превој, во 12.30 часот од Превој кон село Богомила и во 15.00 часот е пристигнувањето во пензионерски дом во село Богомила. Триесеттина минути подоцна, таму, пригоден говор и обраќање ќе има градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски. Ручекот, традиционално планинарско гравче, со културно забавна програма е планирано да трае до 18 часот, кога и ќе заврши планинарскиот марш. За планинарите кои доаѓаат од Скопје возот поаѓа во 06.57 часот од Скопје, од Велес во 07.50 часот, од Богомила во 08.48 часот и од Гостиражни во 09.07 часот. За планинарите од Битола и Прилеп возот од Битола поаѓа во 03.14 часот, од Прилеп во 04 часот и од Гостиражни 04.28 часот. По завршување на Февруарскиот поход за враќање назад од Богомила воз за Скопје има во 14.24 часот и во 20 часот додека за Битола во 16.22 часот и во 21.57 часот, , рече Зоран Игновски, претседател на СПД „Зелен рај“ Велес.

Она што е ососбено значајно е што за време на маршот треба да се запазат правилата на пешачење во планина и  насоките на водичите во колоната. Задолжително е носење зимска опрема. Во случај на неповолни временски услови и поради безбедност на учесниците, организаторот, има право да го скрати маршот, да ја промени патеката или пак во краен случај да ја откаже целата манифестација.

За планинарите кои ќе ноќеваат во планинарскиот дом во село Стровија во петок на 21 февруари и наредниот ден,во сабота ќе се приклучат на маршот , ноќевањето чини 150 ден.

Рокот за пријавување за учество во маршот е до 20 февруари до 20 часот кај лицата Зоран Игновски, претседател на СПД „Зелен рај“ Велес на тел: 072-207-653, 076-386-002, Симе Китанов на тел:071-362-375 и Тодор Крајчев на тел:076-224-443./ С.А

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново