Чичко тепал малолетен внук, полицијата го лишила насилникот од слобода
Објавено на 7 октомври, 2024 во 16:45
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино,вчера попладнев, во 16:25 часот го лишиле од слобода С.К.(48) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава. Четириесет и осум годишниот маж, според пријавата, во дворот од семејната куќа физички го нападнал неговиот малолетен внук. С.К.
Насилникот бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк