Децата од Општина Градско ќе добијат нов парк и кошаркарско игралиште со урбана опрема
Објавено на 28 февруари, 2024 во 10:15

Нов детски парк со хортикултурно уредување ќе добијат најмладите жители на Општина Градско. Како што соопшти градоначалникот на општината Киро Нацков, паркот се наоѓа на веќе постоечката локација кај Комуналното претпријатие и додава дека паркот ќе се уреди хортикултурно и партерно а ќе биде поставена и урбана опрема.
-Урбаната опрема вклучува детско игралиште, кошаркарско игралиште, клупи и масички за седење, како и други инсталации за играње на деца, канделабри за осветлување и канти за отпадоци, пишува во објавата на градоначалникот Нацков.
Дел од средствата за овој проект се обезбедени од Бирото за регионален развој преку Центарот за развој на Вардарски плански регион, а дел од Буџетот на Општина Градско.
Стефани Манева
