Децата од велешките основните училишта ги нацртаа своите дрвја кои ќе бидат дел од виртуелната шума „Боренка“

Објавено на 14 декември, 2022 во 15:07
Фото: Едукативна раболница „Боренка“

Повеќе од 100 деца од основните училишта во Велес, денеска, беа дел од едукативна работилница на тема  животната средина насловена како „Боренка“ којашто се одржа во просториите на Младински центар. Децата за време на работилницата добија едукативна кутија којашто содржи моливче од јаглен и ливче на коешто го нацртаа своето дрвце. Поточно, „Боренка“ е волонтерска иницијатива за пошумување на опожарени подрачја во период од 2020 до 2021 година во три региони во нашата земја.

Фото: Снежана Јанковиќ од сојуз на Извидници на Македонија

-Младите извидници собираат изгорени дрва и ги прават во јаглени моливчиња коишто подоцна ги ставаат во едукативни кутии. На секоја работилница кутиите се делат помеѓу децата и секое од нив го црта своето дрвце коешто ќе го сликне и ќе ни го испрати на нас или директно ќе го објави на веб страната на „Боренка“ и со тоа ќе ја зголемат виртуелната шума. Откако ќе се соберат доволен број на виртуелни дрвја, волонтерите на „Боренка“ поточно извидници, граѓани, сите заинтересирани млади доброволци одат на некое опожарено подрачје и садат вистински садници, рече Снежана Јанковиќ од сојуз на Извидници на Македонија.

Фото: Едукативна раболница „Боренка“

Досега одржана е само една акција за пошумување во Петралица кадешто се посадени околу 4.000 садници и во која учествувале повеќе од 200 млади волонтери.

Фото: Едукативна раболница „Боренка“

-Јас најчесто велам дека најубава и најблагородна работа е да засадиш дрво и да не очекуваш ти да ја користиш сенката од него бидејќи на дрвото му требаат години да порасне. Со тоа ние се грижиме за иднината, за идните генерации, за нашата земја како и заштита на животната средина. Шумите ни се најголемо богатство коешто го имаме и колку повеќе се грижиме за нив толку повеќе правиме добро за нашата земја и иднина, додаде Јанковиќ.

Фото: Едукативна раболница „Боренка“

Со овие едукативни работилници опфатени се повеќе од 1000 деца како од Скопје, Кавадарци, така и од Кочани. Во Велес истата беше спроведена во соработка со Извиднички одред „Димитар Влахов“ и Младински центар Велес.

Инаку, оваа иницијатива ја спорведуваат Извидници во партнерство со ЈП „Национални шуми“ и со поддршка од Амбасада на САД.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.