Интензивна берба на грозје во Демир Капија

Објавено на 11 септември, 2013 во 09:08

Топлото лето услови побрзо зреење на винското грозје. Во Демир Капија лозарите интензивно работат на прибирање на родот за кој велат дека е квалитетен.

И годинава грозјето од демиркапијци го откупуваат винарски  визби од Штип и од Гевгелија. За нив во откупните пунктови во Корешница, Неготино и во Росоман откупуваат Земјоделската аптека Агро Капија од Демир Капија и Земјоделската задруга Антигона од Корешница. Нивниот план е да  откупат по околу два милиони килограми грозје од сите сорти.

Лозарите што ги наводнуваа плантажните лозја за време на тропските горештини се задоволни од родот и од квалитетот, а задоволни се и преработувачите на грозје.  Според информациите од лозарите, откупувачите  за висококвалитетните сорти плаќаат за десетина дена по откупот,  а за останатите сорти малку подоцна.

Цената за  висококвалитетните сорти се движи  во просек по  16 денари за килограм, за кратошијата – вранец по 13, а за смедеревката по 11 денари за килограм.Лозарите годинава се позадоволни за разлика од минатите години, кога е во прашање откупната цена./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.