Два часа без вода четири улици во Велес
Објавено на 26 октомври, 2023 во 09:45
Јавното комунално претпријатие „Дервен“ на својот фејсбук профил соопшти дека поради неопходни работни активности на водоводна инсталација прекин на водоснабдувањето ќе има на четири улици. Поточно, улицата Васил Ѓоргов, Илија Климкаров, Славе Петков и Милан Страчков.
Оттаму соопштуваат дека прекинот ќе биде во времетраење од околу два часа.
Дума.мк