Двајца кавадарчани краделе пари од кафемати и самоуслужни автоперални
Објавено на 18 март, 2022 во 12:50
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против триесет и едно годишниот Н.Ф и пет години помладиот Н.Р, двајцата од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела „тешки кражби“.
-Пријавените Н.Ф и Н.Р. во периодот од 27.02.2022 до 01.03.2022, користејќи погоден алат
отварал каси на кафемати, самоуслужни автоперални и одземал пари во различни апоен, соопшти Ристе Самарџиев, портпаролот на СВР Велес.
Стефани Манева