Двајца матуранти на ССОУ„Коле Неделковски“ со просек од над 99 %,по математика,на државна ранг листа
Помеѓу седуммината ученици кои на државната матура по предметот математика, на државно ниво, постигнаа просекот од 99, 97 има двајца ученици на ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес. Тоа се матурантите Бојан Димовски и Ребека Манева. Градот треба да е горд на овие ученици.
Резултатите ги објави Државен испитен центар.
Бојан Димовски сака да се запише и да заврши Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје додека Ребека Манева го посакува програмерството за што планира високото образование да го започне на ФИНКИ.
Покрај Димовски и Манева, на списокот на матуранти кои годинава се рангирани како најдобри математичари на државно ниво, се и матурантката Сања Василова од Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци како и матурантите Снежана Колева од „Јахја Кемал“ во Скопје, Драгана Петрова од „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје, Алек Крстев од „Орце Николов“ во Скопје и Ангела Ристовска од „Јосип Броз Тито“ во Битола.
Убавка Јаневска