Двајца мажи се степале во велешко казино
Објавено: 9 март, 2023, во 11:00 часот
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, во 14:45 часот во казино во Велес, по кратка расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу дваесет и три годишниот А.Ц од Горно Оризари, велешко и седум години повозрасниот Х.Б од Велес.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Дума.мк



