Едукативна работилница на СВР Велес во Неготино
Објавено на 22 март, 2023 во 11:16
Ученици од осмо и деветто одделение од ООУ „Страшо Пинџур“ во Неготини, вчера, присуствуваа на едукативна работилница на тема „насилство во училиштата“, „врсничко насилство“. Фокусот на работилницата бил ставен на сајбер булингот како и начините и методите кои треба да се користат во справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите и превенција од него.
Едукативната работилница била спроведена од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева