Фатен крадец во куќа во село Ореше

Објавено на 18 септември, 2023 во 09:51

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, во саботата, на 16 септември, го затекнале триесет и седум годишниот С.С од село Десево, прилепско, како извршува тешка кражба во куќа во село Ореше, во Општина Чашка.

Крадецот во 23:00 часот бил затекнат и при преглед кај него биле пронајдени и одземени мобилен телефон и разни други предмети.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека С.С е осомничен и за други кражби на подрачјето на село Богомила и село Ореше. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.