(фото и видео) ССОУ„Коле Неделковски“ од први јануари 2024 година е Регионален центар за стручно образование и обука
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/12/Untitled-design-2023-12-21T150434.400.png)
Ова велешкото средно стручно училиште е петтиот Регионален центар за стручно образование и обука во Македонија. Како државно училиште е единствено во Вардарски регион. „Коле Неделковски“ ќе делува како образовен центар што ќе го унапредува учењето преку работа како дел од редовното образование и ќе нуди доквалификации и преквалификации во трите основни струки. Освен што ќе образува ученици во машинска, сообраќајна и електро техничката струка исто така, на возрасни граѓани и со работно искуство ќе им овозможува доквалификации и преквалификации за полесно прилагодување на потребите на пазарот на труд во државата, рече Билјана Казанциска, Државниот секретар на Министерство за обвразование и наука.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/12/Untitled-design-2023-12-21T150427.662.png)
Во трансформацијата од општинско во државно училиште поточно во Регионален центар за стручно образование постоела силна конкуренција. Велешки „Коле Неделковски“ е избран во конкуренција на 55 средни училишта во Македонија. Селекцијата на училиштата со капацитет за регионални центри за стручно образование ја прават претставници на Европска Унија во соработка со Министерството за образование и наука.
Oд денеска училиштето „Коле Неделковски“ започнуваат нова ера бидејќи според македонскиот закон за образование се подигнува еден степен повисоко, во државно средно училиште, поточно Регионален центар за стручно образование и обука, рече директорката Весна Стојанова Богоевска.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/12/Untitled-design-2023-12-21T150421.438.png)
Освен велешкото статус на државно училиште или Регионален центар за стручно образование и обука стекна и училиште од Југозападниот регион. Тоа беше соопштено на Регионална конференција насловена „Улогата на регионалниот центар СОО во подобрување на системот за СОО во Вардарскиот регион“ што се одржа во Велес. На конференцијата учествуваа голем број на званици и гости. Тие беа преставници на голем број училишта, центри за образование на возрасни како и на бизнис заедниците во двата плански региони.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)