„Гимназија Кочо Рацин“ во Велес има нов в.д директор

Објавено на 8 август, 2022 во 15:21

Професорот по физичка култура, образование, спорт и здравје Иле Попов е именуван за в.д директор на велешката гимназија. Попов ја извршува оваа функција од 1 август,годинава. Тој има 11 годишен работен стаж како професор во основни и средни училишта во Велес.

Предметот, омилен помеѓу учениците, сегашниот директор на велештата гимназија  започна да го предава во ССОУ „Коле Неделковски“ во 2011 година кога дополнуваше часови и во ООУ„Кирил и Методиј“. Попов има дополнувано фонд на часови и во други училишта во општината. Од 2014 година е редовно вработен во ОСУ „Гимназија Кочо Рацин“.

Паралелно со професионалниот ангажман, новоименуваниот директор на велешката гимназија, волонтер е во тимот за одговор при катастрофи и во службата за безбеднсот на вода и на планина на велешки Црвен Крст. Исто така, сега е член, а пред осум години и еден од иницијативниот одбор за востановување на манифестацијата „Велешки пливачки маратон“. Во моментов Иле Попов исто така е претседател на Сојуз на училишен спорт на Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.