Хемиското училиште „Димитирија Чуповски“ во Велес има нов в.д директор
Професорот по англиски јазик и книжевност, Горан Јанков е именуван за нов в.д директор на хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес. Тој 14 години работи како професор по англиски јазик во ова средно училиште. Јанков на функцијата в.д директор е од 19 октомври и рече дека во иднина ќе се работи на подобрување на образовниот процес.
-Со цел да се подобри образовниот процес ќе вовдеме нови образовни профили. Ќе ја осовремениме наставата со нови наставни средства и помагала. Исто така ќе биде подобрена инфраструктурата и ќе се доврши фасадата на зградата. Ќе бидат реновирани и оние делови во училиштето кадешто ќе има потреба, додаде Јанков.
Инаку во ССОУ „Димитрија Чуповски“ се образуваат 520 ученици распределени во три струки со по девет профили.
Стефани Манева