Интензивирана изградбата на улици во Општина Градско

Општина Градско потпиша договор со фирмата ДГТ „Градба Промет” од Кавадарци за изградба на 220 метри од улица „Староградска” во Долно Градско. За изградбата се обезбедени 1.067.335,00 денари буџетот на општината. Изведбата на градежните работи се очекува да започне деновиве.
Освен во Долно Градско со финансиска поддршка од програмата ТАВ за инфраструктурни проекти општината ќе гради улица и во село Ногаевци. Станува збор за улица 1 во должина од 254 метри со вредност од 1.699.289,74 денари. Реализација на овој проект се очекува да започне овој месец.
-Општина Градско потпиша уште еден договор од програмата ТАВ, во третата група, за подршка на инфраструктурни проекти за изградба на улица 2 во село Кочилари. Улицата е долга 130 метри и за неа обезбедивме финансиска поддршка од 821.780,18 ден. Изградбата на оваа улица ќе почне на почетокот на месец септември, рече Градоначалникот Роберт Бешовски.
Градоначалникот додаде дека во тек е и јавна набавка за реконструкција на улица „Панко Брашнаров“ како и за крак од улица „Панко Брашнаров“ со атмосферска канализација во населба Градско во висина од 2.303.147,78 денари. Потребните финансиски средствата се обезбедени од буџетот на општината. Исто така, на подрачјето на општината, во тек е реализација на 11 проекти со кои се подигнува квалитетот на живот за граѓаните во локалната заедница.
Убавка Јаневска
