Истрага за нанесена тешка телесна повреда на велешанец со притвор за тепачот
Основното јавно обвинителство Велес спроведува истражна постапка против 43 годишен велешанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело, „Тешка телесна повреда – квалифицирана со смрт“ од Кривичниот законик кога на 8 јули, годинава, во вечерните часови, во тоалетот на казино во Велес, тешко телесно повредил велешанец на возраст од 48 години. Смртта кај тешко повредениот маж настапила како последица на нанесени повреди.
Според Обвинителството осомничениот го забележал оштетениот како игра на еден од апаратите во казиното, му се приближил и со него започнал вербална расправија. Сега починатиот велешанец бил и физички нападнат од осомничениот во тоалетот на казиното каде бил тепан со тупаници повеќе пати во пределот на грбот и слабините. Тогаш по здобиените удари осомничениот му нанел тешки телесни повреди како што се раскината слезина и губење на големо количество крв. Како последица на тепањето, оштетениот велешанец починал пред пет дена, на 13 јули.
Според проценките на Основно јавно обвинителство Велес дека осомничениот доколку се брани од слобода ќе се даде во бегство, ќе влијае врз сведоците и со тоа ќе ја попречува истражната постапка како и дека ќе го повтори истиот вид кривично дело, до судија на претходна постапка на Основен суд Велес го прифати предлогот на Обвинителството и му одреди 30 дневен притвор на осомничениот.
Стефани Манева