Изгаснат е пожарот кај велешка „Бојаџиева чешма“
Објавено на 27 јули, 2023 во 14:40
За час и половина пожарникарите на Територијалната противпожарна единица во Велес успеаја да го изгаснат пожарот кај месноста „Бојаџиева чешма – Штипско петле“. Огнот се појави денеска околу 13 часот и зафатил сува трева. Засилениот ветер бил причина за брзо проширување на пожарот којшто претставувал опасност за околните куќи.
Во еден момент огнот бил сериозна закана за една куќа. Ја спасиле да не изгоре 10 пожарникари кои интервенирале со три противпожарни возила и два камиони.
Пожарот е пријавен во Регионален ЦУК Велес кој што ги известил Сектор за внатрешни работи Велес и Дирекција за заштита и спасување Велес.
Дума.мк