Изгоре до темел куќата на Борис Китановски во село Ореше (фото и видео)
Пожарот избувнал завчера ноќта и ја зафатил целосно куќата во сопственост на Борис Китановски. Фотографиите и видеата објавени на неговиот личен фејсбук профил прикажуваат стравична глетка. Куќата е целосно изгорена и во неа нема услуви за живот.
Сопственикот се сомнева дека пожарот е подметнат. Според првичните информации во изгорената куќа се чуствувал мирис на бензин.
Пожарот е пријавен во полиција. Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев соопшти дека пожарот сам се изгасил и нема повредени лица.
-Ноќта помеѓу 27/28.02.2023 настанал пожар во куќа во село Ореше, сопственост на Б.К (68) од Чучер Сандево, пришто куќата и покуќнината целосно изгореле. Повредени лица нема, а пожарот сам се изгасил, пишува во соопштението од СВР Велес.
Оттаму додаваат дека увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Стефани Манева