Излезноста во Велес до 18:30 часот изнесува 55,26 % за Претседателски и 56,32% за Парламентарни избори
Објавено на 8 мај, 2024 во 20:08
Излезноста на граѓаните со право на глас до 18:30 часот на денешните седми Претседателски избори во општина Велес изнесува 55,26 % додека на единаесеттите Парламентарни 56,32% соопштија од Општинската изборна комисија.
„Од вкупно запишани 44 илјади 858 граѓани во Единствениот избирачки список за претседателски избори излегле и гласале 24 илјади 787 избирачи додека од вкупно запишани 44 илјади 954 избирачи за Парламентарните избори правото на глас го искористиле 25 илјади 316 граѓани,“ соопшти Ребека Бајдевска Ѓошева од Општинска Изборна комисија Велес.
Бајдевска Ѓошева додаде дека излезноста на избирачите на првиот круг на Претседателски избори изнесуваше 23 илјади 399 граѓани или 53,16 %.
Убавка Јаневска