Измамен возрасен велешанец за огревно дрво 

Објавено на 16 август, 2024 во 11:27

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 16:10 часот, 76 годишен велешанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.000 денари. Измамениот пријавил дека маж дошол во неговиот двор и му понудил да му продаде шест кубни метри огревно дрво по цена од 3.000 денари за кубен метар или за вкупна сума од 18 илјади денари.

Измамениот му поверувал и му ги дал парите по добиено ветување од измамникот дека заминува за да ги товари дрвата. Измамникот заминал и не се вратил.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.